Пролог: Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул
 

 

Житие: Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во времето на царот Адријан (117 г. – 138 г.) незнабожецот Катал ги купи како робови овој Еспер, жена му Зоја и нивните синови Киријак и Теодул. Бидејќи беа убедени христијани, никако не сакаа да вкусат од идолските жртви, а она што им се даваше од нив за да го јадат им го фрлаа на кучињата, додека самите гладуваа и трпеа. Кога дозна за ова Катал се разгневи и почна тешко да ги измачува овие свои робови. Најнапред ги мачеше децата, но децата останаа непоколебливи во верата, па дури и бараа од мачителот потешки маки. Најпосле сите четворица ги фрли во огнена печка, во која вознесоа благодарствена молитва и Му го предадоа духот на Господ. Нивните тела останаа цели и неподгорени од огнот.

Тропар
Киријак и Теодул свети, како млади изданки напоени со благодат која ги ороси главите нивни, ја пробудија верата во Зоја, мајка им благочестива, и Еспера, која слобода само во Христа бараше, па сите заедно во Тебе, Господи, маченички засветлија, останувајќи недопрени од овој свет. По нивните молитви, Спасе, спаси ги нашите души.