Житие: Преподобен Александар
Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде на војничка служба и стана офицер. Читајќи го Светото Писмо наиде на зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај с ? што имаш и раздели им го на сиромасите, и ќе имаш сокровиште на небото, а потоа појди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). Овие зборови извршија такво влијание врз него, што веднаш продаде с ? свое, го раздаде и се оддалечи во пустина. После долготрајни подвизи и трудови за своето очистување, ја востанови Обителта на Неусипајуштите (Неуспивливи), со особен устав. Според тој устав богослужбата течеше непрестајно дење и ноќе. Братството беше поделено во дваесет и четири чреди; секоја чреда си го знаеше својот час од денот или ноќта и одеше в црква да го продолжи читањето и пеењето на претходната чреда. Патуваше многу по источните страни без никаде ништо, ги просветуваше луѓето со верата Христова, ги побиваше еретиците, чинеше чуда со Божествената благодат, остаре служејќи Му на Господ Исус Христос и најпосле го заврши својот земен живот во Цариград, 430 година, каде што неговите мошти ја пројавуваа чудесната моќ и слава со којашто Бог ги прославува Своите свети слуги.
Тропар
Славата Господова и силата на благодатта се рашири по твоите свети подвизи, о Александре преподобен оче, непрестајно славословејќи целосно на Бога се предаде, поучувајќи нe сите да пееме: слава на Бога во висините, на земјата мир и меѓу луѓето добра волја. Моли се за нас, праведнику, пред Божјиот престол.