Житие: Свети Кипријан, митрополит Киевски
Родум од Трново, но српски воспитаник на Атон. Се бавеше особено со преведување и препишување книги. Покровител му беше Филотеј, Патријархот Цариградски, кој кога го запозна на Света Гора, го зеде кај себе и потоа го испрати за митрополит во Киев. Како митрополит претрпе големи неволји, но сите ги поднесе благодушно и со својата плодотворна работа многу ? користеше на Руската Црква. Во митрополитскиот чин помина речиси триесет и шест години. Пред смртта напиша едно проштално слово, кое го прочитаа на неговиот гроб. Се упокои на 16 септември 1406 година. Неговите чудотворни мошти почиваат во Успенската црква во Москва.
Тропар
Велик си ти пред Господа, пастиру Кипријане, поради љубовта и ревноста за Православната вера, а Главата, глава те постави над стадото свое во земјата ти доделена, во кој подвиг ти достојнославно Бога Го прослави. Радувај се наш учителе, радувај се чудотворче, кој плодови духовни на народ донесе и моли се за наше спасение.