Пролог: Пренос на моштите на свети Георгиј Кратовски
 

 

Житие: Пренос на моштите на свети Георгиј Кратовски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Македонец, од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имал осумнаесет години кога Турците сакале да го потурчат, но останал тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеле со најлути маки и најпосле жив го запалиле. Пострадал за Христос на 11 февруари 1515 година во Софија, за време на владеењето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава. На овој ден се празнува пренесувањето на неговите мошти.

Тропар
Благодатта Христова бргу ги оживува нашите души умртвени, по твоите свети молитви, о Георгие свети новомачениче, затоа народите итаат кон твоето свето име, кое Бога Го прослави, девственоста и чистотата ги возвеличи, и за сите нас спасение од Спасителот измолува, за секој кој во Него ќе поверува.