Житие: Преподобен Мојсеј Угрин
Беше на дворецот на младиот руски кнез Борис. Кога безбожниот Свјатополк го уби Борис, Мојсеј се избави и побегна во Киев. Но малку подоцна беше одведен како роб од полскиот крал Болеслав во Полска, каде што за илјада златници ? го продадоа на некоја млада скверна вдовица, жена на загинат војвода на Болеслав. Оваа изопачена жена го наведуваше Мојсеј на блуд, но тој не дозволи да биде заведен, зашто се имаше заветувано да живее чисто пред Господ. Тогаш таа му предложи брак, но ја одби. Тајно прими монашки чин од некој светогорец и се јави пред својата госпоѓа во монашко расо. Таа го врза, нареди да го шибаат и да му го отсечат тајниот орган. Маките траеја цели пет години. Цели пет години траеше заведувањето на оваа бесрамна жена, а други пет години маките и истизавањата. Но во некоја буна ненадејно загина кралот Болеслав, а ја убија и Мојсеевата господарка. Тогаш тој слободно замина во Киев и се предаде на подвиг на безмолвие кај Свети Антониј. Бидејќи ја имаше победено срамната похот во себе, на мнозина им помагаше да се спасат од неа. Неговите Свети мошти исто така им помагаат на многумина (види го житието на многустрадалниот Јован под 8 јули). По десетгодишен подвиг на безмолвие во една пештера, Свети Мојсеј се упокои на 26 јули 1043 година и се пресели во Христовото Царство.
Тропар
О Адаме, кого змијата не го опрелести, о Мојсеј, кого Ева не го наговори, туку ти, оче преподобен, за Христовата чистота се приви, душа си излечи и крвоточиво мачеништво за сведоштво придоби. Моли се за нас, воину Господов, дарот на светот да не н? измами, и пред Бога во чистота да останеме.