Житие: Светата маченичка Лукија
Во Кампанија ја зароби варварскиот цар Авциј. Сакаше да живее со неа, но таа му се спротивстави. Царот ја остави да се подвизува во мир. Таа го обрати во верата, откако тој по нејзините молитви извојува победа во војна. Најпосле заедно со царот пострада за Христа во Рим околу 300 година.
Тропар
Благодатта Христова исполнувајќи го срцето твое, те направи недопирлива за прелестите од овој свет, о Лукијо света девственичке, и ти кон Бога Рикса го приведе, за да заедно Господа Го исповедате и маченички подвиг принесете, за сведоштво и спасение на мноштво кои поверуваа. Спомнете си за нас од Царството на славата.