Житие: Преподобен Јован Кукузел
Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.
Тропар
О Јоване, Божји угодниче, слово на струни разгласено потече од срце твое за Господа припремено, ангели милозвучност прифатија, Богомајка со милост душа твоја прегрна, а Вечнопостоечкиот по твоите молитви ги милува оние, кои чест подаваат на ликот твој свет, и струната на твоето слатко пеење при Пресветото Тројство ја принесуваат.