Пролог: Преподобниот маченик Пахомиј
 

 

Житие: Преподобниот маченик Пахомиј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Мала Русија. Во младоста го фатија Татарите и го продадоа на еден Турчин кожар како роб. Помина во ропство дваесет и седум години, во местото Усаки во Мала Азија. Насилно го потурчија. Отиде на Света Гора, се замонаши и помина дванаесет години во манастирот на Светиот апостол Павле. Реши да пострада за Христа. Неговиот Старец, духовникот Јосиф, го отпрати Пахомиј до Усаки, каде што на својот поранешен господар Пахомиј му се јави како христијанин во монашка облека. Турците го удрија на маки, потоа го фрлија во затвор и најпосле го заклаа на 8 мај 1730 година, на самиот ден на Вознесение. Од неговата крв и од неговите мошти се случија многу чуда. Погребан е на островот Патмос, во црквата на Свети Јован Богослов. Така овој малоруски селанец стана маченик и венценосец во бесмртното Христово Царство.

Тропар
Тајната на мачеништвото ја запозна, о Пахомие, кога благодатта го исполни срцето кое се кае, аа ревноста уот го запали со една желба и една мисла. Радувај се преподобен оче и за нас моли се пред Оној кон Кого поита.