Пролог: Светиот маченик Разумник
 

 

Житие: Светиот маченик Разумник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Грчкото име му е Синетос или Синезиј. Како млад чтец во Рим ја проповедаше Христовата вистина со дерзновение и ги изобличуваше идолопоклониците. За ова беше мачен и убиен во времето на царот Аврелијан.

Тропар
Името твое дарот од Бога добиен го возвестува, о свет Разумниче, и душата за вечното Име ја обручи, ти свет мачениче, исповедајќи дека разумно создание сме за вечни векови. Радувај се, Богомудар учениче, со двоен венец овенчан, и за нас моли се пред Бога во вечноста.