Житие: Свети Осија, епископ Кордобски
Над шеесет години управуваше со Црквата во Шпанија како епископ на Кордоба. Значајно беше неговото учество на Првиот Вселенски Собор во Никеја, а претседаваше со помесниот Сардикиски Собор во 374 година. Беше толку ревносен за Православието, што пред својата смрт повторно ја предаде на анатема Ариевата ерес.
Тропар
Непоколеблив исповедник на верата која спасува, столб на Православието, кој во светилник благодатен пред нашите очи се појавува, Осие, свети оче праведен, моли Го Аголниот Камен на тврдината, да ја зацврсти верата во нашите битија.