Житие: Светите маченици Теодор и Јован
Татко и син, по потекло Варјази кои беа крстени, па се доселија да живеат во незнабожниот град Киев. Разјарени незанбожци им ја урнаа куќата врз нив, па обајцата загинаа за Христа. Нивните мошти почиваат во Антониевите пештери. Ним најмногу им се молат бездетните и оние на коишто не им се додржуваат децата.