Житие: Свети Никола Мистик, патријарх Цариградски
Се прослави со необична строгост на животот. Царот Лав се ожени по четврти пат, заради што патријархот му забрани да влегува в црква, а свештеникот што го венча го расчини. За ова царот го симна патријархот и го протера во манастир. Делегатите на римскиот папа Сергиј III му го одобрија на царот и тој четврти брак. Но кога умре царот, Никола повторно се врати на патријаршискиот престол и свика собор во 925 година, на којшто четвртиот брак воопшто им беше забранет на христијаните. Се упокои во 930 година. Во она време кај нив „мистик“ се нарекуваше најстариот член на царскиот совет. Значи овој светител порано беше дворјанин со висок чин, но потоа ја остави суетата на светот и се замонаши. Се упокои мирно во 930 година.
Тропар
Тајновидецот Господ го испита срцето твое, о пастиру на овците словесни, и те најде достоен да те умудри со смирение и трпение, да сведочиш за Неговото милосрдие. Моли се за нас, Христов ученику, кон Бога да поитаме од твоите свети молитви закрилени.