Пролог: Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина

Календар, житија, пости
Почеток
 
Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја спозна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи се занесе од нејзината убавина, па кога девицата одлучно го одби, тој побара помош кај Кипријан. Кипријан ги наведуваше злите духови еден по друг на Јустина за да ? распалат страст по нечистиот Аглаид, но никако не успеа во тоа, бидејќи Света Јустина со знакот на крстот и со молитвата кон Бога ги одгонуваше од себе духовите на злобата. Тогаш Кипријан ја позна силата на крстот, па и самиот се крсти и со време стана презвитер и епископ. Озлобени незнабожците ги обвинија него и Јустина и обајцата ги предадоа на судот во Дамаск, по што беа мачени и убиени со меч во Никомидија, на крајот од 3 век.

Тропар
Бог, Кој срцата ги испитува, ве најде достојни, за виша мудрост, о свети маченици Кипријане и Јустино, Кипријан свети го приведе во познание на вистинското спасение, извлекувајќи го од лагата демонска за животот земен, Јустина девственица ја наоружа со благодат на Крстот чесен, покажувајќи дека Името Христово е Име Божествено. Молете се за нас, вие кои луди бевте за овој свет, за да нас нe умудрите пред Бога да припаднеме, и на вашите молитви се надеваме. *** Живот ти стана Христос, и Животот ти принесе венци, о ти пречисто јагне Божјо Јустино, едниот – венец на вистината, кој ја уништи лагата демонска, другиот – венец на мачеништвото, кој за сведоштво го остави на стадото Христово. Спомни си за нас, убавино на Љубовта, пред престолот на Оној Кого го прославуваш.