Пролог: Светите маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин
 

 

Житие: Светите маченици Орентиј, Фарнакиј, Ерос, Фирмос, Фирмин, Киријак и Лонгин

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родени браќа. Беа римски војници во времето на царот Максимијан. Во војната на Римјаните против Скитите околу Дунав, Свети Орентиј му излезе на мегдан на скитскиот голијат Марот и го уби. За ова целата римска војска им принесуваше жртви на боговите, но Орентиј и неговите браќа изјавија дека се христијани и дека не можат да им принесат жртва на глувонемите идоли. И покрај нивните војнички заслуги беа осудени на прогонство во Касписките предели, но патем сите седуммина, еден по друг, од глад и маки го завршија животот и се преселија во Царството Христово.