Житие: Светата маченичка Кетевана
Царица Кехетинска. Пострада како христијанка од шахот Абас I, во 1624 година. На заповед на шахот, на главата ? ставија усвитен котел. Нејзиниот син Тејмураз, цар грузиски, ги положи нејзините мошти под престолот на храмот Аливердски во Грузија.
Тропар
О царице земна, Катевано Кахатинска, по Христа тргна и стигна до свитата на Пресвета Богородица, исповедничке на верата која спасува, на главата венецот твој маченички сјај кон небесата излеа. Радувај се и за нас моли се, светило на земјата Грузиска.