Пролог: Свети Ансгариј Германски
 

 

Житие: Свети Ансгариј Германски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Свети Ансгариј, евангелистот на Скандинавските земји, е роден близу Амиенс, Пикардија, Франција, во 801 година, а се упокоил во Бремен, Германија, на 3/16 февруари 865 година. Како младо момче од благородничко семејство, бил примен во манастирот Корби во Пикардија и бил образован од свети Авелард и Пасхазиј Радберт. Во Франција имало повик за свештеник-мисионер, па Ансгариј, како млад монах, доброволно се пријавил. Опремени со шатори и со книги, Ансгариј и уште еден монах тргнале во 826 година и основале училиште во Данска. Овде починал сотрудникот на Ансгариј и тој морал сам да замине за Шведска. За време на патувањето неговиот брод бил нападнат од пирати и тој загубил с? што имал, пристигнувајќи бедно во едно мало шведско село. По почетокот, кој малку ветувал, успеал да го основа јадрото на Црквата, првата христијанска црква во Шведска, и продолжил кон внатрешноста, покрстувајќи ги паганските поглавари. Ансгариј станал првиот архиепископ на Хамбург, Германија, а наредните четиринаесет години во Скандинавските земји го ширел Евангелието и градел цркви во Норвешка, Данска и Северна Германија. Ансгариј продолжил со својата дејност сe до својата смрт на возраст од шеесет и четири години. Бил погребан во Бремен. Бил голем мисионер, неуморен, извонреден проповедник, прославен поради своето подвижништво, и многу бил милостив кон сиромашните. Градел училишта и ги ослободувал робовите запленети од Викинзите. Го покрстил кралот Ерик од Јитланд и бил нарекуван „Апостол на Северот“, иако Шведска целосно се вратила на паганството кратко време по неговата смрт. Неговиот свет спомен се чествува на 3/16 февруари.