Пролог: Светата маченичка Фотина
 

 

Житие: Светата маченичка Фотина

Календар, житија, пости
Почеток
 
Таа е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јован 4). Откако поверува во Исус Христос, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријакија. Тие дојдоа во Картагена во Африка. Но во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со Света Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.

Тропар
Торжествува Небесата денес, о Фотино, славна великомаченичке, Христос Спасителот во Своите раце те имаше, поттикнувајќи те на подвиг што разумот го надминува, која ти исполнета со благодат храбро го издржа, и пример стана за останатите маченици, за да се велича и прославува Името Господово во вселената, за наше спасение и милост пред Него по твоите свети молитви.

Кондак
О Самарјанко, која смелост имаше вода да побараш од Изворот на Животот, о залутана кошуто која Патот го пронајде до Царството Небесно, добра земјо за Христовата вера постана, и патоказ со крвта твоја осветен се постави во домостројот на нашето спасение. Фотино – истоименито светило Христово!