Пролог: Светата царица Пулхерија
 

 

Житие: Светата царица Пулхерија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Ќерка на царот Аркадиј. Се заветуваше вечно да живее во девственост и во знак на својот завет во соборната црква подигна Чесна Трпеза од злато и скапоцени камења. Соцаруваше со својот брат Теодосиј Помладиот. Голема ревнителка за христијанската вера. На нејзино настојување е свикан Третиот Вселенски Собор во Ефес, којшто ја осуди Несториевата ерес. Таа ја изгради прочуената црква на Пресвета Богородица во Влахерна во Цариград. По смртта на Теодосиј се венча со новоизбраниот цар Маркијан, но живееше со него како со брат. Таа ги пронајде моштите на Светите четириесет Севастиски маченици. Се упокои во Господ на 10 септември, во педесет и петтата година од животот.

Тропар
Со чистотата на животот твој, ја привлече раката Господова над себе, о света слугинко Христова, и благодатта те умудри да биде славено Името Господово по земното царство. Затоа, Пулхеријо света, во брак како небрачна се удостои на Бога да послужиш и сега за нас да се молиш, ти чувару на Православната вистина.