Пролог: Светиот Архангел Гавриил
 

 

Житие: Светиот Архангел Гавриил

Календар, житија, пости
Почеток
 
Тој е благовесникот на воплотувањето на Синот Божји. Еден од големите седум ангели што претстојат пред престолот Божји. Му го јави на Захарија раѓањето на Св. Јован Предвесник и самиот за себе рече: „Јас сум Гавриил кој стојам пред Бога“ (Лука 1, 19). Неговото име, Гавриил, значи маж - Бог. Зборувајќи за Благовештение Светите отци толкуваат дека е испратен архангел со такво име што ќе означи кој и каков ќе биде Оној што ќе се роди од Пречистата Дева. Ќе биде значи Маж - Бог, крепок, силен Бог. Некои дознаа дека истиот тој Гавриил им го јави на Јоаким и Ана раѓањето на Дева Марија и дека тој го поучуваше Мојсеј во пустината како да ја напише книгата Битие. Светите отци мислат дека Гавриил му принадлежи на првиот и највисок чин на небесните сили, на серафимскиот, зашто серафимите стојат најблиску до Бога. Тој е значи еден од седумте серафими најблиски до Бога. Имињата на тие седуммина се: Михаил, Гавриил, Рафаил, Уриил, Селатиил, Јегудил, Варахиил. На овој број некои им го додаваат и Еремиил. Секој од нив има посебна служба, а сите тие се рамночесни. Зошто Бог не го испрати Михаил? Зашто неговата служба е да ги крши непријателите на Божјата вера. А службата на Гавриил е благовестење за човековото спасение.

Тропар
Архистратигу на небесните војски, ти се молиме секогаш нас недостојните, со твоите молитви да нe запазиш под закрилата на твојата невештествена слава. Чувај нe нас кои пред тебе притекнуваме усрдно и повикуваме: Од опасностите избави нe како чиноначалник на вишните сили.

Кондак
На пресветлата и чесна, сетворечка, неизмерна и страшна Троица, ти си служител, славен архистратиже и молитвениче, и сега непрестајно моли се да се избавиме од секакви неволји и маки, за да ти повикуваме: Радувај се, заштитнику на твоите слуги!