Житие: Светиот маченик Александар
Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов и храбрејќи го во подвигот. По него одеше и неговата мајка Пименија. Во текот на патувањето на Александар повеќепати му се јавуваше ангел Господов, блажејќи му ги маките и храбрејќи го. На едно место наречено Карасура, маченикот со молитвата кон Бога направи чудо; имено, кога жедта му здодеа и нему и на војниците што го придружуваа, тој изведе студена вода на суво место. На брегот на реката Ергина Тиверијан му нареди на џелатот да го заколе Александар и да му го фрли телото во водата. А џелатот, кога замавна над главата на маченикот, виде наоколу светли Божји ангели и се уплаши, а раката му премале. Александар го запраша зошто му премале раката и тој рече дека гледа некои светли момчиња околу него. Желен да умре и да се соедини со Господ, Александар Му се помоли на Бога да отстапат ангелите за да не се плаши џелатот. И така џелатот ја заврши својата работа, во 289 година. Пименија го извади од реката телото на нејзиниот син и чесно го погреба. На гробот на маченикот стануваа многу исцеленија. Откако умре тој ? се јави на мајка му и ? навести дека и таа набрзо ќе замине во другиот свет.
Тропар
Бог Троичен преку нас на земјата те прославува, о Александре, свети мачениче Христов, а на небесата безброј ангели воздаваат слава на Христа, кој има таков војник во свитата Своја. Моли се за нас, свет страдалниче, по твоите молитви да бидат простени нашите гревови.