Пролог: Светата маченичка Василиса
 

 

Житие: Светата маченичка Василиса

Календар, житија, пости
Почеток
 
Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ? го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.

Тропар
Оној Кој морето го стишува, пламенот околу тебе го разлади, маките ти ги олесни, затвори уста на лавови и на твоите молитви вода од сув камен изведе, о јагне Божјо Василице, а ти не се откажа од величење на Неговото свето Име. Затоа нека по твоите застапувања се изнесе благодат милосрдна на душите наши.