Пролог: Преподобните маченици Патермутиј и Коприј
 

 

Житие: Преподобните маченици Патермутиј и Коприј

Календар, житија, пости
Почеток
 
Обајцата беа Мисирци. Мачени од царот Јулијан Отстапник. Првиот имаше седумдесет и пет години, вториот четириесет и пет. Царот успеа да го одврати Коприј од Христовата вера и да го приклони кон идолите. Коприј извика: „На Јулијан му припаѓам, не на Христа!“ Но старецот Патермутиј го укори и му спомна за вечните маки, а Коприј се сепна, па извика пред царот:„Му припаѓам на Христос, а не на Јулијан!“ На обајцата им ги отсекоа главите со меч. Со нив пострада и Александар, еден од војниците на царот, којшто гледајќи ја нивната храброст во страдањето и самиот стана христијанин. Чесно пострадаа за Христа и кај Него заминаа во 361 година.

Тропар
Блажен си ти, свет покајниче Коприе, кој заштита Божја имаш во лицето на пастирот твој Патермутиј преподобниот. Во слава Господова бевте поведени на исповедничко мачеништво, о преподобни отци на пустината, а Александар кон Христа приведен по вашите свети молитви. И сега над нас нека се спростре Христовата благодат поради застапништвото ваше пред Неговата голема милост.