Пролог: Светиот пророк Езекил
 

 

Житие: Светиот пророк Езекил

Календар, житија, пости
Почеток
 
Син на свештеник од градот Сарира. Одведен во ропство во Вавилон со царот Јехонија и со многу други Израилци. Живеејќи во ропство Езекил пророкуваше дваесет и седум години. Беше современик со пророкот Еремија. И додека Еремија учеше и пророкуваше во Ерусалим, дотогаш Езекил учеше и пророкуваше во Вавилон. Пророштвата на Еремија ги дознаваа во Вавилон, а пророштвата на Езекил во Ерусалим. Пророштвата на обајцата свети мажи се совпаѓаа. И обајцата беа наскрбувани и мачени од неверниот род еврејски. Пророкот Езекил имаше страшни и нечуени виденија. На реката Ховар ги виде небесата отворени, облак, оган и блескање и четири животни како растопен бакар. Едното животно имаше лице човечко, другото лице на лав, третото телешко, а четвртото орловско. Човечкото лице Го означува Господ воплотен како човек, лавовското го означува Неговото Божество, телешкото неговата жртва, лицето орловско Неговото воскресение и вознесение. Другпат му се покажа слика на воскресението на мртвите. Пророкот виде долина полна со суви мртовечки коски и кога над нив слезе Духот Божји сите мртовци оживеаја и застанаа на своите нозе. Ја виде уште и најстрашната пропаст на Ерусалим, кога гневот Божји покоси с ? освен оние што отпорано беа обележани со грчкиот знак наречен Тав, а тој знак е како нашата буква Т, што е повторно знак на крстот. Злобата на Евреите не го поштеди ниту овој свет маж. Огорчени на него затоа што ги изобличуваше, Евреите го врзаа за опашки на коњи и така го растргнаа. Погребан е во гробницата на Ноевиот син Сим.

Тропар
Свет е нашиот Бог, да се исполни целото небо и земја со Неговата слава, повикуваше ти, о Езекиле, Божји помазаниче и пророче, мачениче и исповедниче на вистинската служба, биди им совест на пастирите во Црквата Христова, по твоите молитви да не отстапиме од Вистината што спасува.