Пролог: Светиот маченик Конон Исавриски
 

 

Житие: Светиот маченик Конон Исавриски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Во Христовата вера беше поучен и крстен во името на Пресвета Троица од самиот Архангел Михаил. Овој Божји Архистратиг го придружуваше с? до неговата маченичка смрт. Бидејќи беше просветлен и зајакнат од благодатта на Светиот Дух, срцето не го влечеше за ништо од светот но само кон духовното и небесното. Кога родителите насилно го оженија, првата вечер тој зеде свеќа, ја стави под поклопец и ? рече на својата жена: „Што е подобро, светлината или темнината?“ Таа рече: „Светлината“. Тогаш тој почна да ? зборува за верата во Христа и за духовниот живот како подобар и поубав од телесниот. Вака успеа и нејзе, а потоа и своите родители да ги приведе кон Христовата вера. Па тој и жена му живееја како брат и сестра. Набрзо му умреа родителите и жената, а тој наполно се повлече од светскиот живот и се предаде на молитва, пост и богомислие. Изврши големи чуда со кои мнозина ги обрати кон христијанство. Меѓу другото, ги принуди злите духови да му служат. При едно гонење беше фатен и мачен и сиот го избодија со ножеви. Со неговата крв се мачкаа болните и се исцелуваа. По ова поживеа уште две години во својот град и се престави кај Господ. Овој прекрасен светител живееше и пострада во 2 век.

Тропар
Господ Бог погледнувајќи на твојата честитост, те избра тебе како свој сад за благодат, испраќајќи го светиот архистратиг Михаил да те поучи, крсти и помага на патот на спасението. О свети Кононе, ти кој народ поведуваше во Божјо познание, демоните од тебе врзани со силата Христова на луѓето им послужуваа, моли се свети подвижниче, да останеме по твоите молитви Христови довека.