Пролог: Светиот маченик Јован Калфа
 

 

Житие: Светиот маченик Јован Калфа

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој светител се роди во Галата во Цариград. По занимање беше ѕидар („калфа“ значи „ѕидар“). Заради усрдното исповедање на христијанската вера се замери со Турците и тие почнаа да го присилуваат да се потурчи. „Не сакам да се одречам од мојот сладок Исус Христос“, им одговараше. „Во Него верувам, Нему Му служам, Него Го исповедам“. После тешки мачења Турците го заклаа на 26 февруари 1575 година во Цариград. Чесно пострада за љубениот Господ и се пресели во Неговите небесни дворци.

Тропар
Радувај се, о Јоване свети, кој Го позна Бога како пријател човечки, Него следејќи Го, со маченички венец се закити, сведочејќи дека е Еден Единствен, Спасоносен и Вистински Бог во Три Лица – Отецот, Синот и Духот Свети. Пред Него, сега, застапник биди, кој моли да се спасат нашите души.