Пролог: Светиот новомаченик Александар Солунски
 

 

Житие: Светиот новомаченик Александар Солунски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Овој Христов маченик беше роден во времето на големата турска тиранија над Солун. Како млад беше прелажан од Турците и потурчен. Во почетокот не го гризеше совеста за таа постапка и тој појде на Ќаба со останатите мухамедански аџии, па стана дервиш. Но како дервиш во Солун почна горчливо да се кае. При ова каење дојде на мисла дека со ништо не може да го симне од себе страшниот грев на христоотстапништво, освен со својата крв. Кога значи се покаја и се реши на мачеништво, излезе пред Турците како христијанин. Турците го фрлија в затвор и го подложија на долги маки. Но Александар постојано викаше: „Како христијанин се родив и како христијанин сакам да умрам!“ Најпосле Турците го осудија на смрт, на што покајаниот Александар многу се израдува, познавајќи од тоа дека гревовите му се простени и дека Бог ја прима неговата жртва. Беше заклан во Смирна во 1794 година и прославен во Црквата небесна и земна.

Тропар
Го доврши делото Исаково, раце подавајќи кон Христа, со покајничко исповедање, одговор од Небесата дочека: да, простено, но и со венец маченички наградено, о Александре свет покајниче. Моли се за нас пред Оној Кој има милост неисцрпна за оние кои се враќаат при Отецот Небесен.