Пролог: Светиот апостол Симон Зилот
 

 

Житие: Светиот апостол Симон Зилот

Календар, житија, пости
Почеток
 
Еден од Дванаесеттемина (големи) апостоли. Беше родум од Кана Галилејска. На свадба му дојде Господ Исус со мајка му и со учениците. Кога снема вино, Господ претвори вода во вино. Кога го виде ова, младоженецот ги остави домот, родителите и невестата, па тргна по Христа. Зилот значи Ревнител. А Симон е наречен Ревнител заради неговата голема и огнена ревност кон Спасителот и кон Неговото Евангелие. Кога Го прими Светиот Дух, Симон отиде да го проповеда Евангелието во Мавританија во Африка. Откако успеа мнозина да ги обрати во верата Христова, беше мачен и најпосле распнат на крст како неговиот Господ, Којшто му приготви венец на слава во бесмртното царство.

Тропар
Надминувајќи ја плотската зависност, нозете Спасителеви ги прегрна, и по стапките Негови поита, о Симоне, велики ревнителу, Христов ученику, не само што чашата Негова ја испи, туку докрај и Крстот го вкуси, о учителе на трпението, моли се сега за нас пред Христа Бога, од престолот на дванаесетмината, за и ние да го пречекаме Женикот, со палмови гранчиња и избелена одора.