Голем мисирски подвижник од 5 век. Современик на Св. Макариј и на неговиот ученик Св. Лот. Се грижеше да ги исполнува сите Божји заповеди. Некој од браќата му го пофали ноженцето со кое сечеше прачки за плетење кошници. Кога го слушна, светителот со радост му го подари ноженцето на братот. Говореше Св. Агатон: „За мене би било задоволство да можам на себе да го земам телото на некој лепрозен, а нему да му го дадам моето“. Ете за совршената љубов...
Тропар
Светило Господово на земјата, смирение со глас до Небесата, преподобен учителу наш Агатоне, суд Божји пред себе имајќи, подвиг постави никого да не судиш, со тоа достојно пред Христа претстоиш. Моли се, носителу на Божјата благодат, списоците на нашите падови, пред судот Божји да се искинат.