Пролог: Свети Исаија Отшелник
 

 

Житие: Свети Исаија Отшелник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Се подвизуваше во Мисирскиот Скит во 5 и во 6 век. Се спомнува во книгата на Светите Варсануфиј и Јован (одговор 249 и др.) како маж со вонредна светост. Напиша мноштво поуки за монаси и отшелници. Но од неговите списи преостанаа малку, а многу се уништени од муслиманите. Говореше Свети Исаија: „Пред да се разбуди од сонот на мрзливоста, умот се наоѓа со демоните“. „Круната на сите добри дела се состои во тоа човек да ја положи сета своја надеж на Бога, да прибегнува кон Него Единствениот со сето свое срце и со целата сила, и да плаче пред Бога молејќи Го за помош и помилување.“ Каков е знакот дека на човекот му е простен гревот? „Знак дека гревот е простен е тоа што тој грев не произведува повеќе никакви дејства во твоето срце и си го заборавил до таа мера, што во разговор за сличен грев не чувствуваш никаква наклоност кон тој грев, како да е нешто наполно туѓо за тебе. Тоа е знакот дека си помилуван.“ Залудни се и молитвите и подвизите на човекот којшто во себе таи злоба кон својот ближен и желба за одмазда. „Со сите сили грижи се со устата да не зборуваш едно, а во срцето да имаш друго“. Круна на добродетелите е љубовта, а круна на страстите е правдањето на сопствените гревови“.

Тропар
Спомни си за нас во твоите молитви, Исаијо преподобен оче, кој Царство Небесно наследи, ти кој Бога Го прослави со своите свети подвизи, а нам поуки благодатни за вечен живот ни остави со кои кон круната на врлините – љубовта итаме, и од самооправдување се оддалечуваме.