Пролог: Преподобната маченичка Теодосија
 

 

Житие: Преподобната маченичка Теодосија

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родена по молитвите на мајка ѝ кон Светата маченичка Анастасија, којашто ѝ се јави и извести за раѓањето на овој предизбран сад на благодатта Христова. Родителите сами ја посветија на Бога и рано ја дадоа во женски манастир. По нивната смрт од огромниот имот кај златар таа нарача три икони: на Спасителот, на Пресвета Богородица и на Света Анастасија, а другото им го раздаде на сиромасите. Пострада за време на злобниот Лав Исавријанин, иконогонител. Прими двоен венец: на девственост и на мачеништво. Пострада во 730 година.