Пролог: Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Потин, епископ Лионски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Свети Поликарп го испрати од Мала Азија во Галија на проповед. Стана прв епископ Лионски и многумина ги преведе од незнабоштво во христијанство. Во времето на гонењето на христијаните во 177 година на суд беше изведен и Потин: го донесоа на раце, бидејќи беше стар деведесет години. Проконсулот го праша: „Кој е христијанскиот Бог?“ Старецот Потин пак одговори: „Ќе дознаеш ако се удостоиш со тоа.“ Незнабожците навалија на него со стапови и со камења и безмилосно го тепаа. Го фрлија во затвор, каде што од ударите за два дена се упокои и се пресели во Небесното Царство.

Тропар
„Свет е Господ Бог наш“, незапирливо славословеше, свет Потине, епископе на Бога Живиот, и достоинството твое пред лицето Негово го надмина поимањето на оние кои по тело мудруваат, радувај се, пастиру, радувај се, свет маченику, и донеси милост за нашите души од Изворот на простувањето.