Пролог: Преподобен Теофан Исповедник
 

 

Житие: Преподобен Теофан Исповедник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што беше роден. Роднина на царот Лав Исавријанин и на неговиот син Копроним. Имаше огромно богатство и раскош. Но кога Господ Христос се зацари во неговата душа, сето тоа за него изгуби вредност. Се спротивстави на женидбата што му ја наметнуваа, па кога сепак го принудија, успеа да ја посоветува својата сопруга на девствен живот под руво на брак. А штом му починаа родителите, жена му отиде во еден манастир, а тој во друг. Неговиот беше во Сигријанските Гори во Кизичката област. Некогаш славниот и богат Теофан во манастирот живееше како последен сиромав. И сите ? се восхитуваа на таа чудесна промена кај него. Бидејќи стана прочуен по неговата силна вера, воздржливост и мудрост, го повикаа на Седмиот Вселенски Собор во Никеја, на којшто се утврди иконопочитувањето. Заради големата чистота и целомудрие што го красеа Бог му даде дар на чудотворство и ги лекуваше сите болести, особено манијаштвото и лудилото. Му се молеше на Бога за болните и за неволните и им помагаше со својата молитва. А кога се разболе самиот, долго и со благодарност ја трпеше својата болест и не сакаше да Му се моли на Бога за оздравување. Кога повторно настана гонење на иконите од злиот Лав Ерменин, Свети Теофан беше доведен во Цариград и фрлен во затвор, каде што две години помина во тегобност и во маки и понижувања. Тогаш царот го испрати во ропство на островот Самотрак, а ова тој го проѕре со својот дух отпорано и им го кажа на затворските чувари. Но кога стигна во Самотрак, поживеа само дваесет и три дена и се престави кај својот Господ и Создател од Кого го прими стекнатиот венец на невенлива слава.

Тропар
Велик Теофане, пастиру Божји, чудотворче, исповедниче и девствениче, како Христос Кој две природи има, така и ти две особености: девственоста и исповедањето, во еден венец пред Господа ги приложи, а Он, Благиот, благодат изли, од која чудотворства и сила за исповедање на Иконите, свети, ти подари. Радувај се, и за нас моли се, ти, свет Божји угодниче.