Пролог: Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан
 

 

Житие: Светите маченици Фронтасиј , Северин, Северијан и Силан

Календар, житија, пости
Почеток
 
Мачени во времето на царот Клавдиј, во Франција. Кога им беа отсечени главите тие станаа, си ги зедоа своите глави в раце, преминаа преку реката Ил и дојдоа до црквата на Пресвета Богородица, во којашто се молеше епископот Фронтон. Штом влегоа в црква, ги положија своите глави пред нозете на епископот, па легнаа и си ги прекрстија рацете на градите. Овде беа чесно погребани. На нивниот погреб се слушаше пеење на невидливите војски ангелски.