Житие: Преподобната девица Евпраксија
Ќерка на цариградскиот големец Антигон и роднина на царот Теодосиј Велики. Со мајка ? , којашто како млада остана вдовица, се преселија во Мисир давајќи прилози и молејќи се на Бога. Седумгодишната Евпраксија според својата горлива ревност се замонаши во еден женски манастир. Колку повеќе растеше толку потешки подвизи си наложуваше. Еднаш постеше четириесет дена. Се упокои во 413 година, во својата триесетта година. Имаше голема благодат Божја и исцелуваше од најтешки болести.
Тропар
Од младоста поита во прегратките на благодатта, богомудра Евпраксијо, оставајќи ја минливоста зад себе, телото го смири, срцето Христово го очисти, а душата твоја со ангелски пој се наслади. Совршено послушание, како пример за спасение ни остави, девственичке Господова, и затоа сега од Него милост измоли, за душите наши обременети.