Пролог: Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник
 

 

Житие: Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник

Календар, житија, пости
Почеток
 
Живееја во 9 век, во времето кога иконоборците ги гонеа приврзаниците на Православието. Козма беше родум од Константинопол, и уште од младоста беше отишол во манастир и примил монашки потстриг. Потоа тој беше ракоположен за епископ Хакидонски и ревносно ја заштитуваше православната вера од еретиците иконоборци. Преподобниот Авксентиј му беше помошник во таа борба. Иконоборците многукратно се обидуваа да го здобијат светителот на своја страна, но тој до крај му остана верен на Православието. Козма не се потчини на указот на императорот Лав Ерменец (813-820) за отстранување на светите икони од храмовите. Заради тоа беше прогонет од својата катедра и испратен во заточеништво. Кога го вратија од таму, тој заедно со преподобниот Авксентиј продолжи да го заштитува почитувањето на светите икони. Од постојаните гонења, Козма ослабе со телото, но со духот остана цврст. Светиот Козма и преподобниот Авксентиј, сe до својата кончина неотстапно ја зачуваа православната вера. Се упокоија околу 815 – 820 година.

Тропар
Благочестието стекнато низ подвижнички трудови ја привлече благодатта Божја на тебе, Козмо преподобен оче наш, и ти погледна во вечноста преку прозорецот на Иконата за чие исповедување злочестите претрпе, но сега се радуваш со светиите во небесната татковина, од каде моли се да се спасат нашите души.