Житие: Светиот апостол Карп
Еден од Седумдесеттемина. Следбеник и придружник на Светиот апостол Павле, од кого беше поставен за епископ на Верија Тракиска. Но го проповедаше Евангелието и на Крит, каде што го прими во својот дом Св. Дионисиј Ареопагит. За него Свети Дионисиј сведочи дека бил човек украсен со чист ум, кротост и незлобливост и дека во визија му се јавил Самиот Господ Исус Христос со Своите ангели и никогаш не ја почнувал Светата Литургија ако немал претходно небесно видение. За името Христово претрпе многу напасти. Најпосле пострада од неверните Евреи коишто го убија, па се пресели со душата во Царството Божјо за вечно да се насладува гледајќи Го Господ во слава.
Тропар
Пред Господа се претстави, ти избран саду, во кој нема лукавство, ти ревнителу, во кого видовме вера чиста непорочна, Карпе, свет апостоле, моли се за нас свет мачениче, по твоите свети молитви да се спасат нашите души.