Житие: Светите маченици Петар, Дионисиј, Андреј, Павле и Христина
Петар - прекрасно момче, Дионисиј - маж угледен, Андреј и Павле - војници и Христина - шеснаесетгодишна девица, сите Го исповедаа храбро Господ Христос и за Неговото име претрпеа маки и смрт. Некој Никомах, којшто беше мачен заедно со нив, се одрече од Христа насред маките и одеднаш слезе од умот, па како бесен го гризеше своето тело и исфрлаше пена на усните додека не издивна. Ова се случи во 250 година.
Тропар
Голема беше вашата вера во Господа, маченици Христови Петре, Дионисие, Андрее и Павле, снемогна лагата во нејзината вештина гледајќи ја пред себе Христина, а великите Ираклиј, Павлин и Венедим, ги преполнија со благодат душите наши во овој ден Господов. Радувајќи се во небесните дворови, молете се за нас, вие свети маченици.