Родум од Пелопонез, од селото Каламат. Се подвизуваше во Иверскиот манастир на Света Гора. Се одликуваше и со голема светска ученост и со строг монашки подвиг. Се грижеше да го исполни монашкото правило на Свети Арсениј: во текот на дваесет и четири часа на монахот му е доволен еден час спиење. Се упокои на островот Јура во 1745 година. Неговите мошти се чудотворни. Од нив се чува главата во Иверскиот манастир. Од допирот на светите мошти на преподобен Еротеј една жена во Цариград прогледала.
Тропар
Блажен си ти, преподобен оче Еротее, чиј подвиг благодатно Спасителот го закрепна, и на твоите молитви мноштво бедни кон утеха приведе, за да се прослави Името Негово, и животот твој подвижнички ги озари оние кои кон тебе повикуваат во неволји, да бидат спасени по твоите свети молитви.