Пролог: Светиот свештеномаченик Емилијан епископ Тревиски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Емилијан епископ Тревиски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Ерменија. Барајќи мачеништво, по своја желба отиде да Го проповеда Христа во времето на Диоклецијан во Италија. Во Тревија го избраа за епископ. Заради многубројните чуда при неговото мачење, во Христа поверуваа околу илјада незнабожци. Го убија со меч задно со неговиот духовник Иларион и со двајцата браќа Дионисиј и Ермил.

Тропар
Ја спозна силата Господова во слабоста, Го виде Оној Кој го чува Израилот, о Емилијане, свет мачениче, и се зарадува душата твоја на спасението одозгора, затоа пред светот смело исповеда дека Христос е единствениот вистински Бог. Радувај се и за нас моли се, достојнославен жителу на Небесното Царство.