Житие: Преподобен Никита Столпник
Како момче живеел со разуздан и порочен живот. Еднаш влезе случајно в црква и ги чу зборовите на Пророкот Исаија: „Измијте се (од гревот) и ќе бидете чисти...“ (Исаија 1, 16). Овие зборови продреа длабоко во неговото срце и направија целосен пресврт во неговиот живот. Никита ги остави куќата, жената и имотот и отиде во еден манастир во близината на Перејаславје, каде што до смртта се подвизуваше со тешки подвизи. Се обложи себеси со синџири и се затвори во еден столб, заради што и го нарекоа Столпник. Бог му подари голема благодат и исцелуваше од разновидни маки. Така, го исцели фатениот черниговски кнез Михаил. Некои злосторници видоа на него синџири, па заради блескањето помислија дека се од сребро. Затоа една ноќ го убија, па му ги слекоа синџирите и ги однесоа. Ова се случи на 16 мај 1186 година. По смртта му се јави на старецот Симеон и му нареди најдените синџири да ги положи во гробот крај неговото тело.
Тропар
Душата која пропаѓаше повика кон Господа, о Никито, преподобен оче наш, а Благиот исцеление ? подари. Радувај се, праведен столпнику, и по твоите молитви закрепени да бидеме во Црквата, која е столб и тврдина на Вистината.