Пролог: Светиот свештеномаченик Дионисиј епископ Александриски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Дионисиј епископ Александриски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Роден е во Александрија од угледни незнабожечки родители и воспитан во грчката философија, а потоа и кај Ориген. Како момче ги прочита посланијата на Св. апостол Павле, поверува во Христа и се крсти од Димитриј, тогашниот александриски епископ. Во 247 година стана епископ во истиот град и Му послужи на Бога и на народот Божји како вистински пастир, и тоа под мошне мачни околности. Однадвор Црквата беше гонета од незнабожците, а внатре цепена од еретиците. Притоа уште удри и чума, којашто неколку години ги сотираше луѓето. Тој проживеа три години надвор од Александрија, засолнет од верните, за да не загине пред време. За тие три години напиша многу посланија и други состави за своето стадо, поучувајќи го и храбрејќи го во држењето на Православието. Меѓу неговите списи се наоѓаат и неколку канони коишто Црквата ги прифати. Исто така и неговото писмо против Новацијан се смета за канонско. Управуваше со Црквата седумнаесет години и во 265 година се упокои.

Тропар
Со раце подигнати кон Небото, трагаше по Вистината, и Вистината те ослободи, Дионисие Божји епископе. Пастир стана благодатен на стадото Христово и столб непоколеблив на Црквата Негова, кој волците ги држи настрана со нивните лажни учења. Чашата до крај испивајќи јас, собеседник на ангелите постана во Небесното Царство, од каде сега за нас моли се, Богомудар Христов пастиру.