Житие: Преподобен Јован Пустиник
Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.
Тропар
О Јоване велик, дару Божји кој Он од нас не го сокри, бунарот премин стана, кон вечноста отворен, а добродетелите твои со сокот на благодатта напоени, дрва палмини изнедрија, и под сонцето плод покажаа, од кое денес ние се насладуваме и Бога Го прославуваме, Кој угодник таков има за нас да се моли во вечни векови.