Житие: Преподобен Никон Сувиот
Како монах во Киевските пештери беше заробен од Татарите. Во тоа ропство помина три години, мачен, окован, и понижуван. Кога едни негови роднини донесоа пари за да го откупат, тој одби велејќи: „Да сакаше Господ да бидам слободен, немаше да ме предаде во рацете на беззакониците!“ Еднаш му рече на господарот дека Христос за три дена ќе го ослободи од ропството. Татаринот мислеше дека робот ќе му побегне, па му ги пресече жилите на колената. Но на третиот ден Никон нависитна со невидлива рака беше пренесен во Киев. По извесно време дојде Татаринот во Киев и го препозна својот бивш роб Никон, се покаја и се крсти. И тогаш му стана послушен на својот поранешен роб. Никон, наречен Сувиот заради истоштеноста на неговото тело, беше голем проѕорливец и чудотвотрец. Се упокои мирно во Господ на 11 декември 1101 година.
Тропар
Благословен е нашиот Бог кој тебе, Никоне, те подигна вис Небеса. Ти, кој Христа ради роб постана, слобода задоби во Царството на славата, а пропадливоста телесна која подвиг на подвиг додаваше, се замени со телесна нетленост, на која и ние денес се поклонуваме,
и твоите свети молитви пред вечноста ги просиме.