Пролог: Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Корнут, епископ Икониски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Родум од Никомидија од селото Салата. Беше веќе сосем стар кога настана гонењето во времето на Декиј и Валеријан. Некој мачител на христијаните Перениј дојде во Никомидија и почна да трага по христијани. Христијаните излегоа од градот и се сокрија, а нивниот престарен епископ не сакаше да се повлекува, туку сам лично отиде пред Перениј и се објави себеси како христијанин. Мачителот го врза и нареди да го влечат по градот, додека од него не истече многу крв. Својата света душа ја предаде на Бога под меч.