Пролог: Светиот кнез Јован Вологодски
 

 

Житие: Светиот кнез Јован Вологодски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Чудотворец. Богобојазлив и благочестив од малечок, од својот чичко Јован Василевич беше фрлен во затвор заедно со брат му Димитриј. Таму поминаа цели триесет и две години. Пред смртта Јован се замонаши и го доби името Игнатиј.

Тропар
Трпението твое монаху, Игнатие свети, Небесата ја привлече и Бог благодат ти подари, тегобите од овој свет да бидат ништовни, а мирот во душата и срцето да се зацари. Имајќи во Бога вера непосрамлива, плодовите нејзини со нас ги сподели, и затоа денес молитвено кон тебе припаѓаме, о Игнатие, кој Христа многу Го возљуби.