Пролог: Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески и Андреј презвитер
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Ефески и Андреј презвитер

Календар, житија, пости
Почеток
 
Двајцата се другари од детството, родум од Ликија. Кога пораснаа, двајцата сесрдно се предадоа на служба на Бога, и тоа Ипатиј како строг монах и подвижник, а Андреј како клирик во народот и проповедник на словото Божјо. Заради големите добродетели Ипатиј беше поставен за епископ во Ефес, а Андреј за презвитер. Обајцата пострадаа во времето на иконоборечкиот цар Лав Исавријан. После тешки маки претрпени за Православието, обајцата беа обезглавени во 730 година и преминаа во Небесното Царство.

Тропар
Ликот Божји, Иконата на душата ваша, сјај небесен доби над главите ваши, кои маченички пострадаа заради Христа, и исповедништвото смирено се рашири по целата вселена, о Ипатие и Андрее свети. А вие небесна слава добивајќи, не нe оставајте сираци, туку молете се непрестајно за наше спасение, во Христа вподобување.