Житие: Преподобниот маченик Акакиј Влечкар
Од селото Неохор близу Солун. Бидејќи многу беше биен од мајсторот во Серез, тој се потурчи. Потоа живееше во Хилендар како покајник и монах. Неговата сиромашна и христољубива мајка го посоветува: „Како што доброволно се одрече од Господ сега така мораш доброволно да примиш и мачеништво за слаткиот Исус.“ Ја послуша мајка му и со благослов од светогорските отци отиде во Цариград, каде што Турците го заклаа во мај 1816 година. Неговата глава се чува во манастирот на Свети Пантелејмон.
Тропар
Прими го, Господи, моето покајание, повикуваше ти, о Акакие, храбар мачениче. Христос те врати на патот на спасението, гледајќи ги солзите на преумувањето. Моли се за нас ти кој од благодатта закрепнат, долгот кон светот го врати, за да побегнеш кон слободата, ликувајќи со небесните ангели.