Житие: Светиот свештеномаченик Петар, архиепископ Александриски
Ученик и следбеник на Св. Теона, александрискиот епископ. Некое време беше учител во прочуената философска школа на Ориген. На архиепископскиот престол стапи во 299 година, а маченички заврши на гробот на Св. апостол Марко во 311 година. Со Црквата управуваше во претешко време, кога над верните насилствуваа однадвор неверниците, а однатре еретиците. Во негово време во Александрија пострадаа шестотини и седумдесет христијани. Често цели семесјтва беа изведувани на губилиште и погубувани. Во тоа време нечестивиот Ариј ги сматуваше верните со своето криво учење. Свети Петар го одлачи од Црквата и го проколна за во овој и во оној свет. Во затворот на овој светител му се јави Господ.