Житие: Преподобен Козма евнух
Монах од лаврата Фаранска. Многу учен во Светото Писмо. Толку ги ценел делата на Св. Атанасиј Велики што му велел на својот ученик: „Кога ќе слушнеш некој збор од книгите на Свети Атанасиј, ако немаш хартија запиши го на рака.“ На старост дојде во Антиохија кај патријархот Григориј (+584г.) и тука го заврши својот земен живот. Патријархот нареди телото на Козма да се погреба во манастирот на Патријаршијата. Еден човек често доаѓаше на Козминиот гроб и чевствувајќи го Светителот, Му се молеше на Бога. Кога го прашаа зошто прави така, објави дека дванаесет години лежел фатен и дека Свети Козма го исцелил.
Тропар
Расудувањето како дар од Бога се приви за разумот твој, о Козмо, подвижниче Христов, мерка зеде на времето минливо и безвременост доби во Царството Небесно. Затоа за нас моли се, оче преподобен, од Бога да измолиме спасение за нашите души.