Пролог: Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски
 

 

Житие: Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Календар, житија, пости
Почеток
 
Епископ Тирски од времето на Диоклецијан па с ? до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.

Тропар
Не искушувај Го Господа твојот Бог, преточено во – не суди никого, тебе пастиру Божји, те понесе во пределите светителски, откриениот живот на пророците и апостолите, Господ преку раката твоја нам ни го предаде, свештеномачениче Доротее. Сега до нив приброен пред престолот Христов, моли Го Него усрдно да побрзаме, кон претстојната борба закрепени од Неговата благодат.